декември 25, 2018
Доброволно дарување на крв
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир за прв пат воспостави соработка со Меѓународен Балкански Универзитет и за прв пат во просториите на универзитетот се реализираше крводарителска акција на 24.12.2018 иницирана од МБУ.
Со ова акција се мотивирани студентите на МБУ за доброволно дарување крв и се собрани 46 крвни единици.
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Чаир продолжува со организирање на ваков тип активности и воспоставување на соработка со што поголем број на соработници со цел заедно да градиме општествено одговорна заедница.