октомври 19, 2018

Ден на гладта

По повод одбележувањето на кампањата Ден на глата која започна од 16 октомври а ке трае до крајот на месецот Клубот на млади од Црвен крст на Р.Македонија – Општинска организација Чаир, организира неколку активнпости со цел да се обезбедат, храна и хигиена за најранливите категории на население.

Волонтерите во текот на неделата реализираа Собирни акци со вредносни бонови во Општина Бутел и Старата скопска Чаршија а во текот на следната недела ке се отворат и пунктови за донација во ОУ.Ацо Шопов и ОУ.Живко Брајковски каде ќе се собира храна и хигиена која ќе ја донираат учениците и локалното население.

Целта на кампањата  е да се подигне свеста кај населението за хуманоста и да се помогне на ранливите категории на население. Средствата кои ќе се обезбедат преку активностите ќе бида наменети за подготовка и поделба на прехрамбени и хигиенски пакети за најмалку 30 семејства.

< врати се назад