октомври 19, 2016

Ден на гладта

       

По повод одбележувањето на 16-ти октомври Денот на гладта Црвен крст на Р.Македонија – Општинска организација Чаир и оваа година традиционално ја спроведе кампањата ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС.
Во рамките на кампањата беа постпоставени постери на видни места на територијата на Општинската организација Чаир, а младите волонтери на терен делеа вредносни бонови и собираа парични средства.
Средствата од кампањата ќе се наменат за набавка на прехрамбени пакети за помош на лица во социјален ризик. 
< врати се назад