ЦКА-ПХВ 2017
Во рамките на овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус младите од Општинската организација Чаир,реализира 8 проекти преку кои помогна на ранливите категории на население.
Преку ЦКА-ПХВ програмата беа обучени 72 млади а во проектите учество земаа ?? млади кои во текот на изминатите два месеци интезивно работеа,спроведувајки хуманитарни активности се со цел да се обезбедат потребните средства за помош на одредени целни групи.
Беа реализирани следните проекти:
1.Возобновување на забавниот парк во Заводот за рехабилтација на деца и млади-реконструиран збавен парк.
2.Помош на 8 члено семејство кое живе во многу тешки услови- обезбедена храна, облека постелнина, количка, релаксатор, луласка, помошно креветце за бебето и следното бебе кое го очекуват да се роди за два месеца.
3.Катче за старите лица од Старскиот дом Лика Чопова – обезбедена библиотека и кошница со волница и игли во занималната на домот каде старите лица поубаво ќе го поминат слободното време.
4.Покривање на трошоците за полуматурант за прославата и за облека – обезбедени финансистки средства со кои се покрија трошоците за алманах,прослава и се купи облека за детето.