
март 10, 2026
Акција за дарување крв во Специјална антитерористичка единица „ТИГАР“

Во пресрет на одбележувањето на Денот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ – 13 Март, на 09.03.2026 година во нивните простории во Касарна Илинден беше реализирана крводарителска акција.



Акцијата беше посетена од 60 крводарители, од кои 57 даруваа крв, при што беа собрани 57 крвни единици. Крводарителите повторно покажаа дека хуманоста и солидарноста се вредности што спасуваат животи.



На припадниците на САЕ „Тигар“ им го честитаме нивниот ден и им упатуваме искрена благодарност за несебичниот гест.












































