37-ми натпревар по Прва помош
Клубот на млади на 9-ти мај го организира 37-миот општинскиот натпревар по Прва помош на кој учество земаа 17 екипи од основните и средните училишта волонтери,одговорни наставници или вкупно 174 учесници.
На овој начин младите ја промовираа хуманоста на дело се обучија да укажуваат прва помош а преку натпреварот ги интерпретираа своите знаења.Во категоријата на подмладок првото мест освои екипата од ОУ.Рајко Жинзифов 2 екипа, второ место ОУ.Рајко Жинзифов 1 екипа, а третото место го освои ОУ.Панајот Гиновски.Во категоријата на млади првото место освои екипата на Клубот на млади при ОО на Црвен крст-Чаир,второ место екипата од СУГС.Зеф Љуш Марку и третото место им припадна на Клубот на млади од Шуто Оризари.
На овој начин ОО на Црвен крст-Чаир на овој начин ја подига свеста на младите за важноста од укажување на прва помош,како и мобилизирањето на волонтери во организацијата.