јануари 9, 2015
35 насмевки повеќе!!!
Новогошните празници се радост за сите деца,па затоа Младите од ОО на Црвен крст-Чаир се погрижија радоста да ја почувствуваат 35 деца од домот 25-ти мај, за кои обезбедија новогодишни пакетчиња и организира новогодишна забава.Оваа активност беше помогната од МЦ.Потфат, Даниела Радевска и Вега фреш бар. Сите заедно ја организиравме забавата и им приредивме прекрасни моменти исполнети со многу среќа,смеа и радост.