
17 март – Ден на формирање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството


На 17.03.2026г. по повод одбележувањето на Денот на основање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството, во Црвен крст на РСМ – ОО Чаир беа доделени признанија на истакнати крводарители кои несебично дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.



Овие хумани луѓе се вистински херои на нашето општество. Нивната пожртвуваност, солидарност и желба да помогнат спасуваат животи и даваат надеж таму каде што е најпотребно.


Крводарителството е чин на највисока хуманост – мал гест кој значи сè за некого. Затоа, да се приклучиме сите кон ова големо семејство, да даруваме крв и да продолжиме заедно да ја шириме оваа благородна мисија. Секој може да биде нечиј херој.



Благодарение на посветеноста на крводарителите и волонтерите, во 2025 година се реализирани:
– 811 крводарителски акции
– 61.778 собрани крвни единици
– 112,3% реализација на предвидениот план
– 20 Општински организации го надминаа годишниот план
– 1.028 јубилејни признанија
– 3 работилници за унапредување на крводарителството
– 36 врснички едукации во 14 општински организации

Обраќање на Генералниот секретар на ЦКРСМ по повод 17 март – Ден на основање на ЦКРСМ и Ден на крводарителство – https://www.facebook.com/share/p/1GwPSTzh3m/
Промотивно видео по повод Ден на крводарителство – https://www.facebook.com/share/v/18P1BdsprD/
Промотивно видео од Јасна Манева – https://www.facebook.com/share/r/1Dk2u9T1dN/
Промотивно видео од Осман Елези – https://www.facebook.com/share/r/1Lc9wT3NbH/
Промотивно видео од Александра Ѓорѓиевска – https://www.facebook.com/share/r/1MdyfrnNUg/











































